„Дер Шпигел“ откри колку Алаба ќе инкасира од петгодишниот договор со Реал

Алаба

Давид Алаба е најзвучното засилување на Реал Мадрид во текот на летниот трансфер период.

Дефанзивецот по долги години си замина од Баерн Минхен. Неговата одлука го однесе во шпанската престолнина, каде ја доби најубавата понуда. Германски „Дер Шпигел“ открива дека австрискиот фудбалер ќе инкасира 115 милиони евра бруто плата во наредните пет години. За самиот потпис Алаба добил 17,7 милиони, а годишните примања ќе му гласат 19,47 милиони евра.

Баварците не беа подготвени да ја израмнат понудата на „кралевите“. Поради тоа одлучија да стават крај на соработката со 29-годишникот.

Австриецот се очекува да добие лидерска улога во одбранбената линија, со оглед на заминувањето на Серхио Рамос од редовите на Реал.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.