• Иван Димовски


Одамна беше времето кога Јирген Клоп водеше ред во Германија и кога Борусија Дортмунд беше шампион. Речиси деценија и пол помина од тогаш. Во меѓувреме, Баерн дури 13 пати ја освојуваше титулата, а единствено Баер Леверкузен со Чаби Алонсо успеа да му застане на патот. Сепак, многу брзо работите се вратија во стариот колосек.
И покрај тоа, во текот на сите изминати години, без оглед на позицијата на табелата и силата на клубовите, „Дер Класикер“ редовно нудеше вистински фудбалски спектакл. Веројатно така ќе биде и претстојниот викенд на „Алијанц арена“, кога Борусија Дортмунд ќе му излезе на мегдан на Баерн.
Сепак, овојпат, за разлика од неколку претходни пресметки, Борусија не влегува во меѓусебниот дуел со бодовен заостаток. Баварците и „милионерите“ се израмнети на врвот, а минхенскиот клуб е пред ривалот единствено поради подобрата гол-разлика. За тоа што Баерн постигна 25 гола во Бундеслигата, големи заслуги има Хари Кејн, кој досега четири пати ја тресеше противничката мрежа и им асистираше на соиграчите за уште пет погодоци.
Сите квоти во MOZZART за натпреварот меѓу Баерн Минхен и Борусија Дортмунд
Токму освојувачот на „Златната топка“ ќе биде играчот на кого фудбалерите на Борусија Дортмунд ќе мора да му посветат најголемо внимание, но Мајкл Олисе не претставува ништо помала закана од Хари Кејн. „Милионерите“ ја имаат најдобрата одбрана во Бундеслигата, со само четири примени гола, а нивниот голгетерски учинок веројатно ќе беше уште подобар доколку сериозно не се повредеше скапоценото засилување Јанис Константелијас и доколку Константинос Карекас немаше здравствени проблеми. Голем дел од товарот падна врз плеќите на Џоб Белингем, Максимилијан Бајер, Серу Гираси... Едно е прилично извесно: голови ќе има. На последните четири изданија на „Дер Класикер“ беше добитна комбинацијата ГГ3+.







