• Мартин Танасковски

Екипата на Феенорд му одолеа на првакот Ајакс на домашен терен (1-1) во рамки на 17. рунда на Ередивизие и така ја задржа предноста на врвот на табелата во однос на ривалот.
„Копјаниците“ имаат пет нерешени во низа во домашниот шампионат, нешто што не се памети во поновата историја. Поради тоа, Ајакс заостанува пет бода од лидерот Феенорд, кој со овој резултат го одржа плусот.
Резултатот во Ротердам го отвори домаќинот преку Игор Паиксао во 34. минута, десет минути по еден инцидент во кој судијата мораше да дели жолти картони. Ајакс од пораз се спаси во 71. минута кога Класен реализира за 1-1.
- Извештај од натпреварот:
Феенорд е лидер по 17 кола со вкупно 38 бода, додека Ајакс е петти со 33 бода.