ВИДЕО: Депај запиша „хет-трик“ асистенции, Лион слави кај Стразбур

Фудбалерите на Лион се радуваа на победа кај Стразбур од 2-3 (1-3), во средбата од седмото коло на француската Лига 1. Најдобриот играч на гостите, Мемфис Депај трипати подели асистенции до соиграчите, сервирајќи им топки за погодоците. Трите гола на Лион во првиот дел беа доволни за победа на ова гостување. 

  • Извештај од натпреварот:

Резултатот го отвори Кадевер во 12. минута од средбата. Крилниот напаѓач на Лион се уфрли во празниот простор и ја смести топката во мрежата за 0-1. Предноста ја одвои Токо-Екамби, кој ги даде вториот и третиот погодок за Лион. Сепак, голема заслуга имаше Депај, бидејќи одлично го проигруваше својот соиграч за предност од 0-3. Диало пред паузата успеа да се запише меѓу стрелците и намали за надеж на Стразбур. 

По паузата домашните играчи тргнаа по целосно враќање во средбата и не чекаа предолго за такво нешто. Ахолу по само десет минути игра во продолжението дополнително ја намали негативата на домаќинот.

Сепак, Стразбур немаше сили да израмни и трет пат да го матира Лопез. Најзрелата можност во вториот дел по погодокот, ја имаше Муса Дембеле, ама со глава не ја погоди мрежата. 

Лион не котира најдобро по седум кола, бидејќи има само два триумфи, дури четири нерешни резултати и еден пораз, а се наоѓа на седмата позиција со десет бода.