• Сашо Поповски

Холандија има сигурна предност против Турција по првите 45 минути на „Јохан Кројф“ во Амстердам.
Вториот погодок во 16. минута беше постигнат по една мајсторска акција и завршница на Мемфис Депај. Првата ѕвезда на „лалињата“ комбинираше со Дејви Клаесен и потоа рутински пласираше во турската мрежа.
- Првиот гол на Депај против Турција:
Потоа Депај си поигра со противничкиот голман, зголемувајќи го резултатот со прекрасна „паненка“ од белата точка.
- Вториот гол на Депај против Турција:
Холанѓаните го делат првото место во групата со Норвешка, која нема проблеми на дуелот со Гибралтар.