ВИДЕО: Депај го освои Нант, Лион остана во трката за титулата

Во последниот натпревар од 33. коло на Лига 1, Лион забележа важна победа на гостувањето кај Нант со 1-2 (0-2) и остана во трка за титулата и местата кои водат во Лигата на шампионите. Незгодниот Нант, воден од поранешниот француски селектор Рајмонд Доменек, без „испупан курум го положи оружјето“ и уште во првиот дел Лион стекна предност која не ја испушти до крајот.

Јунак на победата на гостите беше Холанѓанецот Мемфис Депај, автор на двата гола. Најнапред, по само пет минути игра Депај го искористи додавањето на Пакета и ја погоди мрежата на Лафонт (0-1).

Клучен момент беше најстрогата казна за Лион на неколку минути до одморот, по која Депај зголеми на 0-2. Вториот дел беше далеку посиромашен со емоции. Сепак, одненадеж по еден час игра Нант се врати во натпреварот и преку Палуа намали на 1-2. Иако имаа неколку збркани акции и можности за израмнување, домаќините не стигнаа до  подвиг и мораа да се помират со чесен пораз.

Во останатите попладневни натпревари, Ница загуби кај Дижон со 2-0, Ремс и мец играа без голови, а бодовите ги поделија и Ним и Стразбур (1-1). На пет кола до крајот Лил е лидер со 70 бода, пред ПСЖ кој има 69, Монако со 68 и Лион со 67 кола.