• Саше Љолес
Деновите на Герет Саутгејт како селектор на Англија очигледно полека завршуваат. Медиумите на Островот на големо пишуваат дека, иако Саутгејт има важечки договор, отказот е веќе подготвен и го најавуваат неговиот заменик, кој најверојатно ќе биде актуелниот тренер на Њукасл Јунајтед, Еди Хау.
Саутгејт успеа да ја донесе Англија до две финалиња на Европските првенства и полуфиналето на Светското првенство, но повторно не успеа да го направи клучниот исчекор и остана без толку посакуваниот трофеј. Се чини дека неговата етапа полека изминува и наскоро се очекува да биде соопштено името на новиот селектор на „Гордиот Албион“.
Еди Хау врши фантастична работа во Њукасл, а навивачите немаат ништо против ако токму тој седне на клупата на репрезентацијата и со ентузијазам гледаат на новата ера кај „трите лава“. Се споменуваат и уште неколку познати имиња како Јирген Клоп и Маурицио Почетино, но мала е веројатноста дека некој од нив би го прифатил овој предизивик, кој секогаш носи огромен притисок од јавноста.