ВИДЕО: Денот на истанбулското чудо – Милан во солзи, Ливерпул слави лудо!

На денешен ден, во 2005 година, се одигра едно од најверојатните финалиња во Лигата на шампионите кое засекогаш ќе остане запишано во историјата на фудбалските „учебници“, поради лудиот кам-бек на Ливерпул во мечот со Милан.

На стадионот „Кемал Мустафа Ататурк“ во Истанбул, ретко кој веруваше дека Ливерпул може да биде европски првак по првото полувреме. Погоди Паоло Малдини, а потоа пред финишот двапати и Хернан Креспо и во Милано веќе почна да се слави „долгоушкото“. Но...

Тимот на Рафаел Бенитез во соблекувалната се мотивираше и се надмина себеси, па за шест минути даде три гола - 54., 56. и 60. минута. Прво погоди Стивен Џерард, за 3-1, па стрелаше Владимир Шмицер, а во транс навивачите на Ливерпул ги фрли подококот на Чаби Алонсо за 3-3.

До златната победа вредна историја, Ливерпул дојде преку изведување на пенали. Во серијата за Милан промашија Сержињо, Пирло и Шевченко, а јунак во истата беше полскиот голман Јиржи Дудек.