ВИДЕО: Денот кога Роналдо го даде еден од најдобрите голови во фудбалот

На денешен ден во 1996 година, Роналдо Луис Назарио де Лима постигна еден од најубавите голови во историјата на фудбалот.

Неверојатниот Бразилец тогаш го носеше дресот на Барселона, а на натпреварот против Компостела приреди вистинска магија. Кон крајот на полувремето тргна од сопствената половина, во неверојатен продор мина покрај седум противнички фудбалери и по само 12 секунди ја затресе мрежата.

Голот стана еден од заштитните знаци на неговата кариера, а во Шпанија и денес се памети како едно од најимпресивните индивидуални достигнувања на легендарниот напаѓач.