• Саше Љолес
Фудбалската репрезентација на Македонија на денешен датум (31.01.2021) ја победи Германија на гостински терен во Дуизбург (1-2) и според сите резултати, ова беше еден од најголемите подвизи во нашата фудбалска историја.
Правела Македонија и порано чуда, но никогаш вакво. Германија таа вечер загуби првпат после цели 20 години во квалификации за СП, а нашиот тим не беше воопшто инфериорен на теренот каде имаше улога на аутсајдер како никогаш досега.
Македонија и во минатото имала неколку големи резултати, но оваа победа беше прва над европски или светски шампион, и тоа не против било кого, туку против големата Германија. Горан Пандев доби прекрасна асистенција од Енис Барди и погоди за 0-1 пред истекот на првите 45 минути, а потоа „панцерите“ возвратија со пеналот на Илкај Ѓундоган.
Рускиот судија Карасјов не виде чист пенал за Македонија во продолжение, но затоа дојде слатката одмазда кога Ељиф Елмас биеше во 85. минута и го запечати дотогаш најголемиот триумф во нашата историја. Неколку минути претходно, колосална шанса имаше Тимо Вернер, кој го направи најголемото промашување во неговата кариера и не успеа да го совлада веќе матираниот Димитриевски, по што следуваше големо исмевање на социјалните мрежи.
Токму низ овој квалификациски циклус стасавме првпат до бараж за Светско првенство, но новиот формат донесе убедливо најтешки противници за нашата селекција. Македонија во полуфиналето ја доби Италија, која во тој момент беше актуелен европски шампион, а потоа се соочивме со ѕвездената Португалија на Кристијано Роналдо и другарите. На средината на циклусот од селекторското место замина Игор Ангеловски, кој ја одведе Македонија на првото историско европско првенство, отстапувајќи му ја работата на Благоја Милевски.
Потоа остваривме уште еден историски резултат со победата во Палермо над Италија, но на крајот за жал загубивме во финалето од силната Португалија.