• Мартин Танасковски

Дарко Чурлинов, 16-годишниот фудбалер кој настапува за Келн, на денешен ден пред три години стана најмладиот фудбалер кој го облекол дресот на А-селекцијата на Македонија.
Чурлинов, кој важи за еден од најталентираните млади фудбалери во нашата земја и кој во А-селекцијата беше прекомандуван од У18-тимот, на пријателскиот натпревар против Белорусија влезе во игра во 82. минута и испиша историја.
Офанзивниот играч на теренот се најде на местото на Езџан Алиоски со што на врвот на листата на најмлади дебитанти го замени Тауљант Сулејманов, кој претходно дебитира на 17 години и шест месеци.
Пред Дарко да влезе во игра, селекторот го охрабри тогаш младиот фудбалер на Келн и го бакна. По само една минута младиот Чурлинов можеше да собори уште еден рекорд, бидејќи имаше голема шанса да стрела, но неговиот удар заврши крај голот. На листата зад Чурлинов, кој во А-тимот настапи со 16 години и осум месеци, како и Сулејманов, се наоѓа капитенот Горан Пандев.
Денес Чурлинов е дел од поранешниот германски шампион Штутгарт и се обидува заедно со соиграчите да го врати гигантот во Бундеслигата.