Денковски шест месеци порано заминува од босански Посушје

Македонскиот голман Давид Денковски во новата година ќе има нов клуб, затоа што го раскина договорот со актуелниот босански прволигаш Посушје.

Иако беше предвидено да биде дел од тимот до крајот на сезоната, 25-годишниот кумановчанец го раскина договорот со Посушје шест месеци порано од предвиденото.

За Денковски, тимот на Посушје кој игра во Премиер лигата на БиХ, беше прва странска станица во кариерата. Претходно тој настапуваше за македонските екипи Шкупи, Брегалница, Кит-Го Пехчево, Брера и младинскиот тим на Вардар.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.