ВИДЕО: Денковски брани во животна форма – фати два пенали и три зицери во Тетово!

Македонскиот младински репрезентативец Давид Денковски брани во животна форма во дресот на Брегалница. Младиот чувар на мрежата имаше неверојатна партија на гости против шампионот Шкендија и благодарение на неговите супер-интервенции, штипјани не доживеаја дебакл и дома се вратија со минимален пораз од 1-0.

21-годишниот кумановчанец на „Градскиот стадион“ во Тетово уште еднаш потврди зошто е прв избор на селекторот Драги Канатларовски. Против Шкендија забележа неколку фантастични одбрани од зицер-позиции на противникот, а покрај тоа не прими гол ниту од два пенали. Првиот му го одбрани на Дориев, а вториот на капитенот Бејтулаи.

  • Одбраните на Денковски против Шкендија:

Инаку, вреди да се напомене дека покрај одбранетиот пенал, Денковски му одбрани и три зицери на Дориев, па повремениот македонски репрезентативец спортски му го честита одличниот настап и на социјалните мрежи напиша: „Браво мали“.