Денис Махмудов потпиша за ерменски Пјуник

Македонскиот напаѓач Денис Махмудов од денес е нов член на ерменскиот вицешампион Пјуник. Екипата која го елиминира нашиот Шкупи во првото коло на Лигата на Европа денес потпиша договор со 29-годишниот Махмудов.

Тој до минатата сезона беше играч на холандски Ексцелсиор, а сега првпат се одлучи да замине надвор од границите на ХоландијаДордрехт, Телстар, Цволе и Спарта Ротердам се клубовите во кои настапуваше Махмудов во досегашниот тек на кариерата.

Ерменија му е добро позната на нашиот напаѓач, бидејќи една сезона беше член на екипата на Банантс.

Махмудов се обврза на договор на една сезона со Пјуник.