Денес го брани, а пред шест години Тите велеше дека Нејмар е лош пример за сите деца!

Нејмар

Првата бразилска ѕвезда Нејмар е еден од најзаслужните репрезентативци за успехот на „кариоките“ и пласманот во четвртфиналето на Светското првенство во Русија, но неговата глума и симулација драстично ги промени ставовите на голем број фудбалски работници и легенди. 

Статистичарите пресметаа дека Нејмар дури 14 минути лежел на тревата за време на четирите натпревари на Бразил на Мундијалот, податок што сега не му пречи на селекторот Тите

Бразилскиот селектор по мечот со Мексико истакна дека потезите на Нејмар не се никакво понижување, но најверојатно заборавил што изјавил пред шест години, кога беше предводник на Коринтијанс

„Нејмар легна на тревата и почна да се прпелка. Мојот играч заработи црвен картон, а Нејмар како ништо да не било, го продолжи мечот. Тој е лош пример за сите деца кои го следат и обожаваат. Постојано симулира, а за мене тоа не треба да биде дел од оваа игра“, во 2012 година изјави Тите, по мечот против Сантос

Бразил во четвртфиналето ќе се судри со селекцијата на Белгија, утре со почеток од 20.00 часот.