Денес е денот „Д“: Во чии раце ќе заврши „Златната топка“?

Златна топка 2019

Минатата година „Златната топка“ ја освои Лука Модриќ, кој оствари најдобри успеси во кариерата со Хрватска и Реал Мадрид.

Оваа година Хрватот не е во потесниот избор, а повторно меѓу најдобрите тројца се две добро познати имиња. Кристијано Роналдо и Лионел Меси ќе атакуваат на шестото одличје, а единствена пречка ќе им биде дефанзивецот на Ливерпул, Виргил Ван Дијк.

Шпекулациите асоцираат дека наградата ќе ја однесе ѕвездата на Барселона и тоа пред Холанѓанецот, а дури трет ќе заврши португалскиот репрезентативен капитен. 

Аргентинецот и помогна на Барселона да се израдува на нова двојна титула во Шпанија, а притоа одново ја надмина границата од 40 постигнати поени во сезона. Тоа е доволна причина за експертите да веруваат дека генијалецот од Розарио одново ќе се искачи на врвот на светскиот фудбал.

Церемонијата е вечерва во Париз каде ќе бидат доделени и наградите за најдобар голман, дефанзивец, играч за врска и напаѓач, а ќе се избере и најдобрата екипа за изминатите 12 месеци.