Ден за паметење: Шишковски прослави роденден, стана МВП и татко!

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски имаше ден за паметење и на приватен и на клупски план и доживеа неверојатни 24 часа.

Прво, Шишковски го прослави својот 27 роденден. Потоа следеше незаборавен натпревар во дресот на Докса во ремито со Ахна (0-0) на кој го доби признанието за МВП затоа што во повеќе наврати го спаси својот тим од пораз.

По натпреварот, пристигна и информацијата дека Шишковски станал татко. Пред извесен период голманот и неговата девојка Ангела си кажаа „да“, а денес на свет дојде нивниот син Тиан.