Ден на „нули“ во Бундес: Ниту најдобрите типстери не би го предвиделе ова

Германската Бундеслига на програмата понуди пет натпревари в сабота, а интересно, сите пет завршија нерешено.

Последниот од нив беше дуелот меѓу Унион Берлин и Шалке 04. Многумина очекуваа ефикасен дуел, блага предност им се даваше на гостите, меѓутоа мрежите мируваа и средбата во германската елита заврши 0-0.

Претходно, Баер Леверкузен иако водеше со два гола, сепак, не победи со Мајнц (2-2), Дортмунд како фаворит освои само бод со Хофенхајм (2-2), Херта се спаси кај Штутгарт (1-1), а без голови заврши мечот Вердер Бремен - Фрајбург (0-0).

Ниту најдобрите типстери не би го предвиделе ова коло...