• Саше Љолес
Екипата на Хофенхајм беше на секунди од голема победа кај силниот Штутгарт, но „швабите“ успеаја да се извлечат во самиот финиш и ремизираа со конечни 1-1 (0-1) во натреварот од шестото коло во Бундеслигата.
Домаќините беа во негатива по 45 минути игра, откако Французинот Валентин Гендреј донесе водство пред паузата, а израмнувањето дојде дури во десеттата минута од судиското надополнување.
Босанецот Ермедин Демировиќ најпрво биеше во гостинскиот голман, но веднаш потоа ја смести топката во мрежата, носејќи бод за својот тим кој сега е на осмата позиција на табелата.
- Извештај од натпреварот:
Хофенхајм испушти шанса за само втор триумф сезонава и останува во лоша низа од пет мечеви, додека Штутгарт уште ја бара вистинската форма и во моментов е осмопласиран на бундеслигашката табела.