• Иван Димовски
Фудбалерите на Работнички гостуваат во Унгарија, каде што на неутрален терен ќе се судрат со Торнадо Белаз во рамките на првото коло од квалификациите на Конференциската лига. На прес-конференцијата пред дуелот со белорускиот тим зборуваше искусниот Бесир Демири.
„Се подготвувавме за ова, уште од првиот ден, кога почнавме со работа во оваа нова сезона. Тимот е подготвен за предизвикот, имаме своја цел и веруваме дека ќе ја исполниме доколку ја спроведеме на дело стратегијата на шефот на стручниот штаб Бојан Маркоски. Новите засилувања одлично се вклопија, атмосферата е на највисоко ниво и сите сме максимално фокусирани на утрешниот прв дуел со Торпедо-Белаз. Нѐ очекува голема битка, а се надеваме дека на крајот ќе има позитивен изход за нас“, изјави Демири.
Натпреварот меѓу Торпедо и Работнички во Унгарија се игра в четврток во 20:00 часот, а реваншот е седум дена подоцна во Скопје.




