Демири чека понуда од странство, можен е и кам-бек во Шкендија

Бесир Демири, фудбалаерот кој ги брани боите на Вардар, многу лесно би можел да се врати во редовите на тетовска Шкендија.

Левиот бек пристигна во шампионот пред една година, но многу брзо ќе ја менува средината. Се поизвесно е дека тој ќе си замине од таборот на шампионот во зимскиот преоден рок, а како една од опциите за продолжување на кариерата е враќање во тетовска Шкендија.

Во таборот на тетовчани Демири настапуваше од 2014 до 2016 година и беше важен дел од првиот тим. Македонскиот репрезентативец приоритет става на заминување во странство, од каде веќе има интерес од неколку клуба.

Демири за Вардар одигра вкупно 25 меча во Првата лига, а зад себе ја остава најуспешната година во кариерата, со настап во Лигата на Европа со „црвено-црните“, како и настап на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска.