Демири: 15 минути нè делеа од плеј-офот на ЛШ, но примивме два евтини гола!

Во најтешките моменти ова лето за македонскиот шампион, Вардар, Бесир Демири најде сила и ги искажат своите импресии од вчерашниот натпревар со Копенхаген, во кој „црвено-црните“ загубија со 4-1 и беа елиминирани во третото квалификациско коло за Лигата на шампионите. 

„Разочарани сме од сето тоа што се случи на теренот во Копенхаген. Само 15 минути нè делеа од пласман во следната фаза од Лигата на шампионите. Примивме така да кажам евтини голови, и сме поразени. Штета, навистина штета затоа што имавме голема шанса. Играч повеќе на терен, резултат кој што нè носеше во следната фаза, меѓутоа потоа примениот гол делуваше целосно демотивирачки за нас и до крајот е можевме да се вратиме. Одиме понатаму, пред нас има уште европски натпревари, почнува и првенството и мораме полека да заборавиме што се случи и да гледаме само кон напред, колку и да боли поразот од Копенхаген“, вели Демири. 

Сега на вардарци им преостануваат уште два европски натпревари ова лето, откако според правилата на УЕФА ќе се натпреваруваат во последниот филтер за групната фаза за Лигата на Европа. Својот противник ќе го дознаат утре кога ќе се одржи ждрепката во Нион.