Демирел си замина, Барди ќе добие нов тренер во Бодрумспор

Енис Барди по само неколку дена откако пристигна во Бoдрумспор ќе добие нов тренер. Имено, турскиот прволигаш утрово информираше дека Волкан Демирел не е повеќе тренер на тимот, поради серијата на лоши резултати во последниот период.

Бoдрумспор по 21. коло одиграни коло во турскиот шампионат е во опасната зона (17 место) со 16 бода, седум помалку од првиот тим кој што е над црвената линија. Тимот е во лоша серија од шест натпревари без победа во елитата, па разделбата со тренерот Демирел беше за очекување.

Инаку, Барди веќе дебитираше за новиот клуб, на натпреварот со Ејуспор, на кој влезе во самиот финиш.