Дембеле во расправија со тренерот, Енрике му ја покажал излезната врата?

Осман Дембеле е во непријатна ситуација откако ги нарушил односите со тренерот на ПСЖ, Луис Енрике. Француските медиуми пишуваат дека тој е избркан од првиот тим и сигурно нема да биде во комбинација за следниот меч во Лигата на шампионите против Арсенал

Расправијата меѓу Дембеле и Енрике се случила по првенствениот натпревар со Рен, каде ПСЖ славеше со 3-1, а причините за инцидентот остануваат непознати за јавноста. 

Дембеле одигра солиден натпревар и забележа асистенција, а од стартот на сезоната постигна четири гола и уште три асистенции. Навивачите се надеваат дека тој и тренерот „ќе ги закопаат секирите“ и дека наскоро ќе се врати во екипата на „светците“ од Париз