Дембеле: Во Бaрса се однесував непрофесионално, сега е сосема друга приказна!

Ѕвездата на францускиот ПСЖ, Осман Дембеле, во разговор со домашните медиуми се осврна на неговиот престој во Барселона, каде никогаш не успеа да го покаже својот целосен потенцијал. 

Дембеле зад себе има сезона од соништата, ги освои сите можни трофеи со „светците“ од Париз, но се наврати на деновите во Шпанија, за кои рече дека не биле баш најпријатни за него. 

„Морам да признаам дека кога бев во Барселона не бев голем професионалец. На моменти не тренирав како што треба, само сакав да дојдам дома, да играм разни игри и да уживам. Деновите во Барса можеа да бидат многу подобри, но вината е најмногу кај мене. 

Сега ситуацијата е поникава. Повеќе работам на себе и мојот пристап кон фудбалот. Во слободните денови одам во кампот да тренирам и да работам со физиотерапевтите. Мислам дека сезонава го достигнавме врвот и донесовме огромна радост за навивачите“, рече Дембеле. 

Французинот запиша 91 настап за ПСЖ во минатите две сезони и забележа 39 голови, надополнети со уште 29 асистенции. Пропушти само пет натпревари поради мала повреда. Неговата вредност на пазарот во моментов се проценува на 90 милиони евра. 

ФОТО/PHOTO: Paris Saint Germanin/Twitter/X