• Мартин Танасковски
Екипата на Пари Сен Жермен нема конкуренција во Франција. Тимот преку Рен ја забележа шестата победа (4-1) во серија во рамки на Лига 1 или вкупно дваесетта оваа сезона, па е апсолутен лидер по 25 одиграни кола.
ПСЖ е единствениот тим кој нема пораз во Лига 1. „Светците“ не најдоа ривал кој може да им парира и во 25 кола забележаа 20 победи и пет ремија. Нерешените исходи се двапати со Ремс, како и по еднаш со Ница, Нант и Оксер.
До високата победа ПСЖ дојде во финишот. Баркола во 27. минута донесе предност за гостинот, а потоа на стартот на вториот дел за првакот даде гол и Рамос. Рен се врати во мечот преку Брасие во 52. минута и кога домашните тргнаа на се или ништо, примија два гола. Двоен стрелец во екстра-времето беше Осман Дембеле кој погоди во две минути.
- Извештај од натпреварот:
ПСЖ во следното коло го чека домашен меч против најблискиот следбеник Олимпик Марсеј.