Дембеле си тера по свое, Барса со последно предупредување

Дембеле

Францускиот фудбалер Осман Дембеле е едно од најскапите засилувања во историјата на Барселона.

Од него очекувањата беа многу високи на „Камп Ноу“, но не само што не ги задоволи, туку и прави проблеми надвор од теренот. 

Неговата дисциплина е причината поради која Барселона размислува за негова продажба. Во декември минатата година, 22-годишникот не се појави на тренинг на екипата, а беше лоциран дури неколку часа подоцна. Неговото оправдување беше дека не бил во можност да тренира тој ден.

Сега се појави нова информација која вели дека Французинот повторно не ги испочитувал термините на Ернесто Валверде. Тој задоцнил на уште еден тренинг и тоа во неделата кога тимот се подготвуваше за финалето во Купот на Кралот против Валенсија.

Клубот веднаш реагираше до него и неговиот агент и му постави ултиматум. Истиот значи дека Дембеле ќе биде ставен на продажба, доколку не го промени однесувањето во блиска иднина.