ВИДЕО: Дембеле се „претвори“ во Роналдо и даде велемајсторски гол против Марсеј!

Осман Дембеле, најдобриот фудбалер на светот за минатата година продолжува да одушевува со своите игри во дресот на Пари Сен Жермен.

Францускиот ас беше расположен за игра против Олимпик Марсеј, а во 37. минута од дербито во Париз посигна гол кој уште долго ќе се прераскажува. 

Фановите на ПСЖ веднаш почнаа да го величат својот ас, споредувајќи го со еден од најдобрите напаѓачи во историјата – Роналдо Луис Назарио да Лима.