Дембеле пак се повреди: Барса без Французинот еден месец 

Екипата на Барселона на фуриозен начин забележа нов пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако синоќа со убедливи 5-1 го совлада француски Лион. 

Сепак, каталонските фанови утрово добија и една лоша вест, откако се обелодени дека Осман Дембеле ја обнови повредата на бутниот мускул и најверојатно го очекува нова пауза од три до четири седмици. Младиот француски офанзивец заради истите проблеми не играше на последниот меч на Барса во Примера против Рајо Ваљекано, а вчера влезе во самиот финиш и со болки го доигра дуелот на „Камп Ноу“. 

Дефинитивно, оваа повреда на Дембеле доаѓа во незгоден момент за Барселона и Валверде, бидејќи екипата ја очекуваат клучните натпревари во Примера и Лигата на шампионите. Според првичните информации, Французинот сигурно нема да настапи на дуелите против Бетис, Еспањол, Виљареал и Атлетико Мадрид во домашниот шампионат, а најверојатно и на првиот меч од четвртфиналната фаза на Лигата на шампионите. 

Дембеле, вчера на „Ноу Камп“ ги одигра последните 20 минути против Лион, а во 86. минута успеа да се запише во листата на стрелците и да ги постави конечните 5-1.

Голот на Дембеле против Лион: