Дембеле го пропушта „Ел Класико“, Барса најави жалба на суспензијата

Францускиот интернационалец Осман Дембеле нема да настапи на „Ел Класико“ против Реал Мадрид на 26 октомври на „Камп Ноу“. Францускиот напаѓач доби казна од два натпревари за црвениот картон заработен против Севиља во неделата. Некогашниот фудбалер на Борусија Дортмунд беше казнет од судијата Лахос заради приговор.

Дембеле на лош шпански јазик му рекол: „Лош си, многу си лош“.

Покрај дуелот со Реал Мадрид, Дембеле нема да настапи против Еибар, а Каталонците најавија жалба на одлуката, па ако биде прифатена, ќе може да настапи на големиот дуел. 

Напаѓачот ќе плати 600 евра, а Барса е олесната за 700 евра како дополнителна парична казна за исклучувањето.