Дембеле е МВП во Удине, следна е „Златната топка“!

Пари Сен Жермен ја освои и петтата титула во неполна една календарска година и тоа го направи на исклучително тежок и неочекуван начин. Во Удине беше победен Тотенхем од Лондон по изведување на пенали со 4-3, откао во регуларниот тек натпреварот заврши 2-2.

Французите беа на прагот на сигурен пораз, бидејќи победникот на Лига Европа водеше со 2-0 до 84. минуита, но двата резервисти на Луис Енрике го донесоа пресвртот. Ли и Рамос погодија за пенал серија, а таму помирни и поискусни беа „светците“ и извојуваа победа од 4-3.

Усман Дембеле е прогласен за најкорисен играл на Супер-финалето и придодаде уште едно индивидуално признание. Веројатно следно е крунисувањето на „Франс фудбал“ за најдобар фудбалер на сезоната со престижната „Златна топка“.