• Мартин Танасковски
Крилниот напаѓач на Пари Сен Жермен, Осман Дембеле, е прогласен за играч на сезоната во Лигата на шампионите, објави денес УЕФА, еден ден откако францускиот клуб го победи Интер со 5-0 во финалето во Минхен.
Дембеле постигна 33 гола и имаше 15 асистенции во сите натпреварувања оваа сезона. Заради одличните изданија и достигнувања со ПСЖ, Французинот е еден од кандидатите за Златната топка.
УЕФА, исто така, го прогласи Дезире Дуе за најдобар млад играч во Лигата на шампионите за сезоната 2024/25. Младиот играч на ПСЖ, кој во вторник полни 20 години, постигна два гола и запиша една асистенција во финалето.