Ба за киксот на Џерард и „одземената“ титула на Ливерпул: „Не уживавме во уништувањето на сонот“

Ливерпул долго чекаше на титула во Премиер лигата и конечно дојде до неа во 2020, по 30 години пауза. Сепак, „црвените“ и шест години претходно беа блиску до целта, ама тогаш се случи фамозната случка кога Стивен Џерард се лизна и Демба Ба го сруши сонот. 

Челзи во тој натпревар кој беше меѓу одлучувачките победи со 2-0, а Сенегалецот го даде првиот гол на дуелот. Сега, по неколку години Ба реши да ја искоментира ситуацијата за која нагласи дека не уживал во неа. 

„Не уживавме во фактот дека им го уништивме сонот. Сепак, бевме среќни за победата. Кога правиш грешка, другите ја користат против тебе“, смета напаѓачот.

Ливерпул таа сезона беше во мртва трка со Манчестер Сити, па на крајот заврши како второпласиран со два бода помалку и ги разочара фановите.