Демба Ба и романскиот судија се смирија по скандалот со расизам во ЛШ

Фудбалска Европа минатата седмица беше погодена од скандал на натпреварот меѓу ПСЖ и Истанбул Башакшехир, кога четвртиот романски судија Себастијан Колтеску, кој го нарече Пјер Вебо „оној црниот“. 

Најбурна реакција имаше Демба Ба, кој влезе во вербална пресметка со арбитрите и го предводеше револтот, по кој играчите го напуштија натпреварот. Сенегалецот имаше што да му каже на Колтеску, но сега откако впечатоците се смирија, дојде и до смирување на Ба и Колтеску. 

„Медијатор“ на повикот беше Осман М'Дијае, кој играше во Романија и ги познава двајцата вмешани, а веста ја пренесе романскиот новинар Емануел Росу. 

„Голем љубител сум на мирот. Зборував и со Колтеску и Демба откако тие разговарале. Двајцата признаа дека се импресионирани од разговорот. Сигурен сум дека тоа било недоразбирање. Знам какви се Романците, никогаш немале проблеми со расизмот“, пренесе Н'Дијае.

Скандалот беше решен уште истата вечер, а натпреварот меѓу ПСЖ и Истанбул се доигра следниот ден, но Колтеску не беше присутен и беше заменет. Се очекува романскиот арбитар да добие казна и покрај тоа што можеби се работело за недоразбирање.