• Горан Упале
Еден од најдобрите фудбалери во последната деценија, Кевин Де Брујне пристигна во Неапол за да го финализира договорот со италијанскиот шампион.
Де Брујне го напушти Манчестер Сити по десет сезони и е подготвен за нови предизвици на највисоко ниво. Иако имаше и побогати понуда на маса, тој одбра да го засили италијанскиот шампион и да работи со Антони Конте.
Белгискиот ас пристигна во Рим, а таму беше пречекан од толпа новинари, фоторепортери и голем број навивачи на Наполи.
„Кевин, Кевин, Кевин“, скандираа навивачите на Наполи кои се собраа пред влезот на зградата каде што фудбалерот ќе ги помине медицинските прегледи.
Иако сè уште не стапнал во Неапол, тој знае што го чека малку подалеку на југ врз основа на добредојдето што веќе го доби во Рим, кое му го приредија навивачите на Наполи.