ВИДЕО: Делии со величествена кореографија се збогуваа со Синиша Михајловиќ!

Фудбалските клубови Црвена звезда и Војводина му оддадоа почит на Синиша Михајловиќ во пресрет на денешниот натпревар меѓу двата тима на стартот од пролетниот дел од српската Суперлига. Младите фудбалери на Црвена Звезда одиграа танц пред натпреварот и со своите тела го формираа бројот 1969, година на раѓање и 2022, година на смртта на Синиша Михајловиќ.

Беше прикажано и тајното оружје на Миха - слободниот удар, а на крајот беше изработена негова фотографија во центарот на теренот, врз основа на натпреварите од Лигата на шампионите. На натпреварот присуствува и семејството на Михајловиќ, братот Дражен, како и синовите Душан и Николас, кои на подарок добија дресови на Црвена Звезда со броевите 11 и 8 (бројот што Синиша го носеше во Бари) и дресовите на Војводина со број 11.

Подароците беа доделени од претседателот на Црвена Звезда, Светозар Мијаиловиќ и членот на шампионскиот тим од Бари, Драгиша Биниќ, односно претседателот на новосаѓани, Драгољуб Збиљиќ.