• Мартин Танасковски
И покрај разочарувањата од претходните квалификации за Светските првенства, легендарниот италијански фудбалер Алесандро Дел Пиеро верува дека тимот на селекторот Џенаро Гатузо има реални шанси да се пласира на Мундијалот во 2026 година.
Италијанците прво ќе се соочат со Северна Ирска на домашен терен, а потоа ако победат во финалето ќе играат со подобриот од дуелот меѓу Велс и Босна и Херцеговина.
„Верувам во тимот, но сум и нервозен секако. Овие две натпревари нема да бидат лесни. Притисокот ќе биде огромен, а носиме и лоши спомени од претходните баражи. Но, постои и силно уверување, тимот е тука, селекторот е тука, целиот фудбалски систем стои зад ова. Сите го сакаме овој успех. Мораме да останеме оптимисти и да го дадеме срцето на теренот“, изјави Дел Пјеро.
Во меѓувреме, турнејата на трофејот од Светското првенство 2026 ќе го обиколи целиот свет, започнувајќи од трите земји домаќини, а потоа и идните организатори на мундијалот, Мароко, Португалија, Шпанија, Саудиска Арабија и Бразил.
