Дел е од Интер шест години, нема одиграно ни минута, ама има два црвени картони

Голманот Томазо Берни е уникат во италијанскиот фудбал, затоа што шест години нема заиграно ни минута за „нераѕурите“, а има добиено две исклучувања.

37-годишникот кој е роден во Фиренца во редовите на Интер пристигна во 2014. Оттогаш е „вечна резерва“, но некогаш знае да прави глупости на клупата за резерви поради кои поцрвенува.

И тоа се случи двапати оваа сезона. Чуварот на мрежата доби црвен картон на натпреварот против Парма во Серија А, а претходно, беше исклучен и на дуелот против Каљари оваа сезона, поради приговори кон судиите.

Берни има голманско место во Интер од 2014 година, а последниот настап му е во 2013 година, кога го носеше дресот на Сампдорија.