• Горан Упале
Спортскиот директор на Барселона, Деко, изјави дека каталонскиот клуб не бил заинтересиран за шпанскиот фудбалски репрезентативец Никo Вилијамс во летниот преоден рок.
Вилијамс е член на Атлетик Билбао, а некои шпански медиуми објавија дека младиот фудбалер ја одбил понудата на Барселона. Тој има договор со Атлетик Билбао до 30 јуни 2027 година.
„Не го доведовме Вилијамс, бидејќи имаме многу решенија на таа позиција, Рафиња, Ансу Фати, Феран Торес, Ламин Jамал. На оваа позиција можат да играат и Фермин Лопез и Дани Олмо“, изјави Деко.
Вилијамс во текот на летото ја освои титулата на Европското првенство во Германија со репрезентацијата на Шпанија. За Атлетик Билбао одигра 126 натпревари и постигна 20 гола.