Дејвис има воспаление на срцевиот мускул, лекарите мислат дека му е од коронавирусот

Алфонсо Дејвис, левиот бек на Баерн Минхен, има „поблаго воспаление на срцевиот мускул“ (миокардитис), што веројатно е последица на коронавирусот. 

Лошата вест ја потврди тренерот на германскиот шампион, Јулијан Нагелсман. Тој изјави дека Дејвис поради здравствени причини ќе отсуствува од терените уште неколку недели.

„Очекуваме да паузира неколку недели. Не знаеме точно колку долго ќе паузира. Не е драматично, но мора да заздрави. И за тоа е потребно извесно време“, рече Нагелсман.

Лекарите немаат научни докази што точно го предизвикало овој проблем кај Дејвис, но речиси се сигурни дека станува збор за ситуација предизвикана од коронавирус.