Дејвид трагичар, Лил и Оксер си победија по бод

Фудбалерите на Оксер и Лил одиграа без голови (0-0), во првиот натпревар од 17. коло на француската Лига 1.

Трагичар за гостите беше Канаѓанецот Џонатан Дејвид, кој промаши пенал во 58. минута, поточно противничкиот голман Тео де Персин со фантастичен рефлекс одбрани.

Две минути пред тоа Оксер остана со десетмина на теренот, бидејќи Пол Жоли доби директен црвен картон. И покрај бројчаната предност, Лил не успеа да избегне трето последователно реми во првенството и сега е четврти со 29 бода.

Белгиецот Тома Мение ја имаше најдобрата шанса во финишот, поточно во судиското надополнување, но неговиот удар со глава не го изненади домашниот голман.

Состави

Christophe Pelissier

3-4-2-1

    Bruno Genesio

    4-2-3-1