Дејвид Мојс ќе го наследи Пелегрини и пак ќе седне на клупата на „чеканите“

Според „Телеграф“ шкотскиот стратег Дејвид Мојс е пред враќање во Премиер лигата, односно на клупата на Вест Хем Јунајтед би го заменил Мануел Пелегрини. 

Челните лица и фановите на „чеканите“ не се задоволни од резултатите на тимот во последниот период, а искусниот чилеански стратег ја испушти последната шанса и вечерва доби отказ.

Вест Хем на последните шест натпревари има четири порази и две победи, а Пелегрини менаџерската функција не успеа да ја одбрани вечерва, кога неговите избраници загубија од тимот на Лестер Сити.

Поранешниот предвоник на Евертон и Манчестер Сити пред две сезони краток период беше на чело на Вест Хем и успеа да го спаси тимот од испаѓање од Премиер лигата, но тогаш не доби нов договор.