Дејвид Мојс и Маруан Фелаини ќе соработуваат и во Вест Хем!?

Дејвид Мојс го презеде Вест Хем, наследувајќи го Мануел Пелегрини. Тој одлично ја стартуваше својата авантура по враќањето со победата на Борнмут од 4-0, но доцна синоќа загуби од Шефилд Јунајтед. Сепак, Шкотот ќе мора да се намачи во борбата за опстанок, бидејќи неговиот тим е на само два бода над опасната зона.

Според најавите на „Скај Спортс“ менаџерот сака и трет пат да се обедини со Маруан Фелаини, со кого соработуваше во Евертон и Манчестер Јунајтед. Белгиецот моментално настапува во Шандонг Луненг, каде што пружа солидни партии изминатите 12 месеци. 

Двајцата соработуваа на „Гудисон парк“ речиси пет сезони, а потоа и во Манчестер два шампионати. Мојс очигледно ги следел настапите на Фелаини во Кина и Вест Хем ќе се обиде да го донесе искусниот играч за врска.