
Преодниот рок за битолски Пелистер како сега да започна. Деновиве сведоци сме на неколку доаѓања и заминувања од битолскиот второлигаш, кој втора сезона ќе го води Дарко Крстески.
По Петар Љамчевски, Јованчо Трајковски, Ристе Маркоски и Ристе Илијовски, петти фудбалер кој го напушти битолскиот второлигаш е Дејан Велевски.
Фудбалерот за врска, кој по потреба игра и во одбраната ,е дете на Пелистер, а покрај за матичниот клуб го носеше и дресот на Победа, Вaрдар Неготино, Силекс и Осогово. Велевски наскоро ќе ја објави својата идна средина.
Нови фудбалери на Пелистер летово станаа Маневски, Трифуновски, Симјановски и Јовановски.