Дејан Станковиќ замина од Унгарија и го презема најтрофејниот руски клуб

Дејан Станковиќ не чекаше премногу за нов ангажман откако ја прекина соработката со унгарскиот Ференцварош. Српскиот тренер доби нов сериозен предизвик во кариерата и од следната сезона ќе го преземе рускиот гигант, Спартак Москва. 

За Станковиќ ова ќе биде четврти клуб во тренерската кариера, а претходно беше предводник на Сампдорија и Црвена Звезда. За Србинот ова ќе биде прв ангажман во руската Премиер лига. 

Дел од италијанските медиуми го поврзуваа Станковиќ со враќање на „чизмата“ и преземање на Болоња, но сепак, Србинот реши да замине во Русија и да потпише со Спартак.