ВИДЕО: Дејан Илиев со феноменална интервенција ја спаси Јагјелонија

Полска Јагјелонија на домашен терен одигра реми без голови против Корона Киелце, а македонскиот голман Дејан Илиев ја имаше најдобрата интервенција на натпреварот.

Репрезентативецот стартуваше од првата минута, а фановите ги одушеви кога пред крајот на првиот дел, во судиското надополнување, интервенираше феноменално по еден шут со глава на противнички играч.

  • Одбраната на Дејан Илиев:

Јагјелонија важеше за голем фаворит, имаше повеќе од 30 шута кон противничкиот гол, но не успеа да го најде патот до мрежата.