Дејан Илиев менува клуб во Романија, ќе брани во тим кој се бори за титула

Повремениот македонски репрезентативец Дејан Илиев ќе има ново поглавје во кариерата, ама ќе остане да брани во Романија, дознава Gol.mk.

Илиев се договори и замина на потпис со Рапид Букурешт, клуб кој се бори за врвот во романската елита. Македонскиот голман од летото во 2024 година беше дел од УТА Арад во истата земја, меѓутоа поради нарушени односи со тренерот Адријан Михалча „пукна тиквата“ и тој мораше да си побара нова средина. 

Голманот доби повик од второпласираниот тим во романскиот шампионат и бргу се договори со Рапид. Илиев оди на потпис во Букурешт, а официјалната презентација се очекува набргу. 

Претходно во својата кариера Дени Илиев преку Беласица уште како момче во 2012 година се пресели во академијата на Арсенал. „Топчиите“ го позајмуваа во Серед, Јагјелонија и Шрузбери, а во 2022 му истече договорот и се пресели во Тренчин. Потоа кратко беше без клуб пред да потпише со Хелсинки, па бранеше и една полусезона во Сараево.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.