Дејан Илиев ја санира повредата и се врати на тренинзите на Јагелонија

Македонскиот репрезентативец Дејан Илиев повторно е во стројот на полска Јагелонија. Чуварот на мрежата ја санира повредата и пак тренира.

Илиев се повреди пред нешто околу еден месец, откако одлично тргна по рестартот на полскиот шампионат. Последниот натпревар Македонецот го одигра на 31 мај, кога имаше „чиста мрежа“ против Краковија и се најде во тимот на колото.

Дејан Илиев моментално во полска Јагелонија е позајмен од редовите на англискиот премиерлигаш Арсенал до крајот на актуелната сезона.

Досега Илиев одигра четири натпревари за полскиот суперлигаш и на два од нив не прими гол.