Дејан Илиев има повреда, не бранеше за Шрузбери

Македонскиот репрезентативец Дејан Илиев не беше меѓу стативите на Шрузбери на мечот против Рокдејл (1-2) во рамки на осмото коло од англиската Лига 1.

Илиев, кој е позајмен во англискиот тим од редовите на Арсенал, требаше да стартува на средбата, ама во последен момент дојде до замена. Од Шрузбери информираат дека се работи за повреда, ама не информираат за каква.

Веројатно се чека на лекарските прегледи, па ќе биде познато со каква повреда се здобил Илиев. 25-годишниот струмичанец често влегува на списокот на Игор Ангеловски за репрезентацијата на Македонија.

Дејан Илиев досега бранеше на два меча за Шрузбери и има една победа со „чиста мрежа“ и еден минимален пораз.