Дејан Илиев до 2027 година ќе ja чува мрежата на романскиот Арад

Македонскиот репрезентативен голман, Дејан Илиев, ја продолжи соработката со романскиот УТА Арад, каде ќе настапува до 2027 година, соопшти клубот. 

Илиев пристигна во Романија после ангажманот во Сарајево и настапи на вкупно 20 натпревари, оставајќи одличен впечаток со кој си заслужи нова соработка. 

Чуварот на мрежата цела деценија беше дел од лондонски Арсенал, а потоа настапуваше за Серед, Јагјелонија, Шрузбери, Тренчин и Сарајево.